Конгресот на САД го усвои законот за одбрана

Американскиот Конгрес го усвои законот за одбрана со кој, меѓу другото, се одобруваат 50 милиони долари за смртоносно оружје за Украина и и се дава мандат на Белата куќа да одговори доколку Русија ги крши клучните договори за контрола на оружјето. Одбранбените трошоци на Соединетите држави, според овој закон, изнесуваат 607 милијарди долари.