Собранието ќе ги избира новите министри

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски за денеска ја закажа седницата за избор на министри и заменици министри, во согласност со договореното на последната лидерска средба во Клубот на пратениците и договорот од Пржино. Според договорот, министер за внатрешни работи на предлог на опозицијата треба да биде Оливер Спасовски, а за труд и социјална политика Фросина Ременски. Заменици министри исто така од редот на опозицијата ќе бидат Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии. Се очекува на утрешната седница да биде пополнето и министерското место во Министерството за информатичко општество и јавна администрација по неодамнешната оставка на Иво Ивановски.