Груевски-Со нетрпение го очекуваме извештајот на народот

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски по средбата со евроамбасадорот Аиво Орав изјави дека е важно што препораката за напредокот на Македонија кон ЕУ не е загубена. Тој нагласи и дека со нетрпение го очекуваат извештајот на граѓаните на изборите во април. Според него, најдобрите оценки можат да ги даде народот кој секојдневно се соочува со животот во Македонија. Груевски порача и дека заедно со сите релевантни субјекти ќе работи на надминување на предизвиците и критиките и подобрување во извештајот, онаму каде што е тоа реално и потребно.

Тој посочи дека Македонија останува посветена на спроведување на политичкиот договор и клучните реформски приоритети со цел да се обезбедат доволно аргументи земјите членки да ја донесат одлуката за почеток на пристапните преговори.

Орав истакна дека најважно е што препораката беше повторена, но бидејќи е условена ЕК повторно ќе ја разгледа по изборите, а развојот на настаните, акко што нагласи зависи од земјата.