Русија со истрага за државјани кои се борат во странство

Јури Чаика

Рускиот државен јавен обвинител Јури Чаика изјави дека 650 кривични истраги биле отворени против руски државјани осомничени дека се борат заедно со милитантите на Исламската држава во странство. Говорејќи на меѓународна конференција во Сочи, тој нагласи и дека во истрагата се вклучени и случаи против Руси кои се осомничени за регрутирање на платеници и организирање на нивниот премин во странство. Според него, 850 веб страни биле блокирани поради сомнение дека ширеле екстремистички материјали и биле избришани незаконски информации од 4500 веб страни.