Притвор за осомничените за инцидентот на Клинички центар

Основен суд 1 во Скопје

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека на двајца осомничени за нападот на лекар од Одделението за дигестивна хирургија им е одреден привор од 30 дена. Лекарот вчера беше нападнат и ранет со огнено оружје на неговото работно место на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. По инцидентот дел од лекарите на Клиничкиот центар излегоа на протест и соопштија дека се додека не се преземат мерки нема да прават операции. Инцидентот беше осуден и од лекарската комора и министерството за здравство кои побараа целосно расветлување на случајот.