Блокиран планот на Обама против депортирање мигранти

Барак Обама

Американски Апелациски суд го блокира планот на претседателот Барак Обама за заштита на околу 5 милиони недокументирани мигранти на кои им се заканува депортација. Со тоа овој план по се изгледа не ќе може да биде спроведен до крајот на мандатот на Обама во Белата куќа. Републиканците го критикуваа овој план како претеран кога Обама го објави пред една година. Против овој закон е поведена судска постапка во дваесет и шест американски држави.