На руските атлетичари им се заканува суспензија

Меѓународната асоцијација на атлетски федерации соопшти дека ќе размисли за воведување санкции против Русија меѓу кои и суспендирање на атлетичарите од земјата на меѓународни натпреварувања поради допинг.

Светската антидопинг организација претходно препорача сите руски атлетичари да бидат суспендирани, а на пет од нив да им биде забранет настап до крајот на животот, како и да се суспендира руската антидопинг агенција.

Директорот на асоцијацијата, Себастијан Кое го нарече извештајот алармантен. Шефот на независната комисија на Светската антидопинг организација, Дик Паунд изјави дека очигледно е оти Русија ја поддржува допинг програмата, бидејќи, според него, не може да се донесе друг заклучок од резултатите.