Тачи-Косово нема да биде запрено

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи, на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук денеска напиша дека мнозинството од земјите во светот гласаа за членство на Косово во УНЕСКО. Но, за жал, како што наведе, добиле три гласа помалку од потребното мнозинство. Тачи и порача дека и покрај денешното гласање Косово не може да биде запрено и земјата ќе продложи да поднесува кандидатури за членство во меѓународните организации, вклучувајќи го и УНЕСКО.

Српскиот претседател Томислав Николиќ прогласи „победа“ во УНЕСКО, при тоа поздравувајќи ги заложбите на Владата, која според него, вложила големи дипломатски напори и не се откажала дури и тогаш кога изгледало дека се е веќе загубено.