Пратениците ќе расправаат за законите од договорот од Пржино

Во Собранието денеска на дневен ред ќе се најдат законите кои произлегуваат од договорот во Пржино и кои беа договорени на последната лидерска средба во Клубот на пратениците. Пратениците ќе расправаат за законот за Влада, изборниот законик, законот за укажувачите, законот за заштита на приватноста и одлуката за формирање анкетна комисија за прислушувањето.

Засега нема информација кога ќе се одржи седницата за избор на министри и заменици-министри, но се очекува тоа да се случи откако ќе бидат изгласани измените на Законот за Влада.