Косово не стана членка на УНЕСКО

Косово не успеа да стане членка на УНЕСКО на денешното гласање на организацијата на генералната конфернција во Париз. 92 земји гласаа за, а 50 против приемот на Косово во УНЕСКО. На Косово му беа потребни уште три гласа за да обезбеди членство.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред гласањето изјави дека членството на Косово би значело политизација на активностите на УНЕСКО. Србија бараше одложување на расправата за приемот на Косово со цел тоа прашање да се решава низ дијалогот што Белград и Приштина го водат во Брисел.