Конзервативната опозиција победи на изборите во Хрватска

Томислав Карамарко

Конзервативната опозиција во Хрватска е победник на парламентарни избори, кои се одржаа вчера. Но, конзервативците предводени од поранешниот шеф на разузнавачката служба Томислав Карамарко не освоија доволно гласови за мнозинство во Парламентот.

Хрватската изборна комисија соопшти дека 99 проценти од гласовите биле пребројани, а конзервативците освоиле 59 пратенички места во парламентот кој брои 151 пратеник. Социјалдемократите предводени од премиерот Зоран Милановиќ освоиле 56 пратеници.