Член на чеченските служби обвинет за убиство на Немцов

Борис Немцов

Адвокатот на семејството на Борис Немцов, Вадим Прохоров изјави дека член на чеченските безбедносни служби е обвинет за поврзаност со убиството на рускиот опозициски лидер. Според адвокатот, Руслан Мукхутдинов бил обвинет во отсуство за организирање на убиството. Немцов беше убиен во близина на Кремљ на 27 февруари, по неколку часа откако во јавноста соопшти дека ќе ги поддржи протестите против улогата на Русија во конфликтот во Украина.