Министерството за здравство го осуди нападот на Клиничкиот центар

Од министерството за здравство денеска го осудија инцидентот на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“. Од министерството побараа целосно расветлување на случајот од надлежните институции и соодветно санкционирање согласно закон. Утрината од огнено оружје беше повреден лекар на Абдоменалната хирургија, кој е опериран и е надвор од животна опасност.

Од министерството соопштија и дека таквите инциденти се недозволиви во кој било здравствен систем, особено имајќи предвид дека здравствените работници во својата дејност се залагаат за спасување човечки животи.