Генералната конференција на УНЕСКО за Косово

На Генералната конференција на УНЕСКО во Париз денеска ќе биде разгледан приемот на Косово во таа организација. По препораката на Извршниот совет на УНЕСКО Косово да биде примено во членство, Србија бараше одложување на расправата за приемот на Косово со цел тоа прашање да се решава низ дијалогот што Белград и Приштина го водат во Брисел. Амбасадорот на Србија во УНЕСКО Дарко Танасковиќ изјави дека постоеле шанси оваа расправа да се одложи за две години.