Сто милиони сиромашни поради климатските промени

Светската банка соопшти дека глобалното затоплување би можело да предизвика 100 милиони луѓе до 2030 година да се најдат во сиромаштија доколку не бидат преземени итни потези за заштита од екстремните временски прилики и покачувањето на нивото на морињата. Во извештајот се прецизира дека најсиромашните земји во светот веќе страдаат од лошите временски услови предизвикани од климатските промени вклучувајќи ги тука сушите, високите температури и поплавите. Светската банка посочува дека сегашната политика на кратење на испуштањето јаглен диоксид во атмосферата не може многу да стори во однос на климатските промени што ќе се случат до 2030 година.