Дачиќ: Не е познато кој е зад киднапирањето на двајцата Срби во Либија

Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека не се знае кој стои зад киднапирањето на српските државјани во Либија. „На патот кон Тунис дошло до пресретнување на колона во која бил и амбасадорот, а во друго возило двајцата вработени во амбасадата. Според извештаите бил отворен оган, а еден либиски државјанин е погоден во нога, изјави Дачиќ, додавајќи дека состојбата во Либија е нестабилна и оти има една влада во Бенгази и една во Триполи. Српскиот министер за надворешни работи нагласи дека разговарал со либискиот колега, како и дека за настанот се информирани безбедносните служби.