Двајца српски државјани киднапирани во Либија

Возач и службеник на српската амбасада во Либија се киднапирани денеска, соопштува Министерството за надворешни работи на Србија.

Српското МНР, се наведува во соопштението, презема мерки за решавање на проблемот, а за таа цел се информирани сите безбедносни служби.

Министерот за надворешни работи на Србија имал разговор со либискиот колега.

Белградските медиуми, јавуваат дека киднапирањето е извршено во градот Сирт.