Слободни избори во Мјанмар по 25 години

Во Мјанмар се одржуваат првите слободни избори на национално ниво во последните 25 години. На изборите се очекува да победи Националната лига за демократија, партија предводена од добитничката на Нобелова награда Аунг Сан Су Чи. Но според Уставот, таа е спречена да го преземе претседателското место. Уставот забранува луѓето кои имаат странски сопружници или деца кои се странски државјани да преземат функцијата на извршната власт. Покојниот сопруг на нобеловката и нејзините синови се британски државјани.

Околу 30 милиони луѓе имаат право на глас, но не и повеќе од еден милиони претставници на прогонуваното муслиманско малцинство Рохинџа на кои им е забрането да гласаат. На изборите учествуваат 91 партија, но главната трка е меѓу партијата на нобеловката и владејачката Сојуз на солидарност и развојот. Дваесет и пет проценти од 664 пратенички места се резервирани за војската. Претседател Деин Сеин рече дека неговата влада и војската ќе ги почитуваат изборните резултати. Аун Сан Су Чи победи на последните слободни избори во 1990 година, но војската ги игнорираше резултати.