Прскање на скопските улици против загадување на воздухот

Градот Скопје денеска почнува со мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух. Ќе се нанесува средство калциум-магнезиум ацетат на улиците за контрола и намалување на ситната прашина и за стабилизација на патиштата. Со средството ќе се третираат булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“.Брзината на улиците каде што ќе се нанесува средството ќе биде ограничена на 40 километри на час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. При разградувањето на супстанцијата може да се почувствува слаб мирис на оцет, но не е опасно по здравјето на луѓето.