Шефови на дипломатии на средба за источна Украина

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина се сретнаа денеска во Берлин да разговараат за наредните чекори за решавање на конфликтот во источна Украина.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер по разговорите изјави дека може да бидат задоволни оти примирјето во голема мера се почитува. Но, според него, се уште остануваат некои сериозни предизвици меѓу кои и организирањето на фер и слободни локални избори во сепаратистичките региони во источна Украина. Тој порача дека и од витално значење е испораката на хуманитарна помош во источна Украина.