Хан-Косовската опозиција да не го блокира Парламентот

Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за време на посетата на Приштина ги предупреди опозициските партии во Косово, дека блокирањето на Парламентот ја блокира евроинтеграцијата на земјата. Тој по средбата со косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека политичките дебати треба да се водат во Парламентот од сите негови членови, избрани од граѓаните.

Во изминатите два месеца, косовската опозиција неколку пати ја прекинуваше работата на Парламентот. Опозицијата бара Владата да се откаже од договорот со Србија и од договорот за определување на границата меѓу Косово и Црна Гора.