ДУИ-Договорот гаранција за слободни и фер избори

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Од ДУИ денеска соопштија дека нема победници, ниту губитници по вчерашните преговори на четирите најголеми политички партии на кои беа затворени преостанатите прашања од Договорот од Пржино. Според партијата, тоа претставува добар развој и за државата и за народот.

Затворањето на отворените прашања, како што наведуваат од ДУИ значи продолжување на структурните реформи во согласност со препораките на ЕУ, враќање на политичката стабилност и безбедност во земјата и претставува гаранција за одвивање слободни и фер избори.