Продолжува 71 седница на Собранието на Македонија

За денеска е закажано ново продолжение на 71-та седница на македонскиот парламент. Вчера Собранието по два дена расправа го донесе Законот за задолжување на Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Македонија – фаза 1 - делница Штип – Неготино - Битола и делница Скопје – Тетово - Гостивар“, по скратена постапка. Со Предлогот се обезбедува заем од 90 милиони евра за финансирање на градбата на гасоводот. Изградбата се очекува да заврши во 2016 година. Пратениците од мнозинството го оценија Предлог-законот како позитивно решение со кое ќе се реализира стратешки проект, додека опозицијата, која се изјасни против, смета дека е ново задолжување и побара овој проект да се реализира од постојниот буџет.