Времето денеска: сончево

Во Македонија ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец кој на повисоките места и на планините ќе биде умерен. По котлините ќе биде претежно тивко, во утринските часови со слаба магла особено во долниот тек на Повардарјето. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од 15 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб североисточен ветер. Во утринските часови ќе има услови за слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 17 степени.