Притворена екс министерка во Украина

Олена Лукаш

Украинските власти соопштија дека поранешната министерка за правда Олена Лукаш е притворена во врска со истрагата за смртоносните престрелки за време на опозициските протести во 2014 години по кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович. Повеќе од 100 луѓе беа убиени на и околу главниот плоштад во Киев, попознат како плоштадот Мајдан од 18 до 20 февруари минатата година. Се уште не е утврдено кој стоел зад нападите.