ЕК очекува 3 милиони мигранти во Европа до 2017

Европската комисија соопшти дека се очекува 3 милиони мигранти да пристигнат во Европа до крајот на 2017 година. Со тоа, според соопштението, популацијата во Европа би се зголемила за 0,4 проценти откако неуспешните апликации за азил се одбиени.

Во меѓувреме, агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР соопшти дека околу 5000 мигранти секојдневно ќе доаѓаат во Европа преку Турција. Бројката на мигранти до крајот на годината се очекува да изнесува над милион.