Осуден имам во Босна за поврзаност со ИД

Судот во Босна каде се водеше процесот против Босниќ.

Босанскиот суд осуди муслимански свештеник на седум години казна затвор за регрутирање на волонтери за извршување на екстремистички активности во Сирија и Ирак. Судијката Амела Хушкиќ изјави дека осудениот Нусеин Босниќ манипулирал со верниците со цел да ги убеди да и се приклучат на Исламската држава.

Босниќ беше осуден врз основа на законот донесен во минатата година со кој се забранува регрутирање и охрабрување на млади Босанци да се приклучат на радикални исламистички групи во странство.