Кремљ ги отфрла тврдењата за авионската несреќа

Рускиот премиер Дмитри Медведев

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави денеска дека само истрагата може да утврди која е причината за урнувањето на рускиот авион на египетскиот полуостров Синај. Рускиот премиер Дмитри Медведев изјави дека се уште е рано да се изнесуваат заклучоци што ја предизвикало несреќата. Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд истака дека постои голема веројатност дека несреќата била предизвикана од бомба поставена во авионот.