Сите 12 специјални обвинители дадоа свечени изјави

Дванаесетте јавни обвинители кои ќе и помагаат на специјалната обвинителка Катица Јанева, денеска дадoa свечена изјава во Советот на јавни обвинители, со што и формално ја преземаат новата должност.
Петмина обвинители беа изгласани вчера, а седум беа избрани на 14-ти октомври.
Советот на јавни обвинители вчера едногласно ги избра обвинителите: Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство-Скопје, како и Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал. Тие им се придружија на седумте обвинители избрани претходно: Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

Катица Јанева, претходно, кога беа избрани само седум од предложените 14 помошници, побара од нив да не даваат свечена изјава се додека не и биде комплетиран целиот тим.
Неизборот на целиот тим што го предложи Јанева беше едно од спорните прашања што го кочеше меѓупартскиот дијалог за спроведување на договорот од Пржино