САД ќе ги вооружуваат сириските бунтовници

Американската војска ќе им обезбеди дополнително оружје на сириските опозициски сили кои се борат против милитантите на Исламската држава откако тие во минатата недела освоија големи територии. Полковник Стив Ворен, портпарол на коалицијата предводена од Соединетите држави против ИД, изјави дека Демократските сили на Сирија успеале да освојат 255 квадратни километри од милитантите околу едно село во близина на ирачката граница. Тој додаде дека операцијата била поддржувана од американски воздушни напади и оти притоа биле убиени осумдесет милитанти.