Заев-Има сериозно придвижување во разговорите

Претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави денеска дека има сериозно придвижување во разговорите и очекува денеска или утре да биде постигнат договор меѓу политичките партии. Тој по средбата со европратеници во седиштетото на партијата нагласи и дека како што е познато во јавноста постигната е согласност за изборниот законик и за анкетната комисија, а деновиве очекува да се постигне согласност и за останатите отворени прашања.

Тој порача и дека од СДСМ остануваат комплетно посветени, флексибилни и констуктивни за изнаоѓање на решение за договорот од Пржино. Според него, за нив друга алтернатива не постои и само целосна реализација на договорот од Пржино е излезно решение за Македонија.