ДУИ повика итно да се спроведе договорот од Пржино

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Од ДУИ соопштија дека партијата деновиве ги претставила своите ставови пред лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ околу итноста за заклучување на договорот од 2 јуни. Од ДУИ побарале тие да размислуваат за државата и граѓаните, а не за сопствените партии.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети тоа го истканал и на денешната средба со Џани Питела, претседател на групата на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент, Кнут Фленкенштајн, потпретседател на групата на социјалистите и демократите, како и поранешниот известувач на Парламентот за Македонија, европратеникот Ричард Ховит.

Според соопштението на ДУИ, договорот нема алтернатива и неговото спроведување овозможува враќање на евроатланската агенда, која е апсолутен приоритет на граѓаните особено на Албанците.