Русија повика на договор за сириските опозициски групи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика да се постигне договор за тоа кои сириски опозициски групи треба да бидат поканети на мировните преговори под покровителство на ОН. Тој по средбата со претставникот за Сирија на ОН, Стефан де Мистура во Москва инсистираше и дека опозицијата треба да воспостави делегација која ќе ги одржи преговорите со Дамаск. Мистура изјави дека е важно да се работи на формирање на инклузивна влада во Дамаск.

На 30 октомври во Виена, дипломати од 17 земји се согласија да побараат од ОН да посредуваат во постигнувањето мировен договор меѓу власта и опозицијата во Сирија со кој ќе се отвори патот за нов Устав и нови избори.