Времето денеска: сончево со локална облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Наутро ќе има услови за појава на слаба магла понекаде во речните долини. Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од 16 до 22 степена. Во Скопје сончево со слаб променлив ветер, а наутро со услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.