Милановиќ-Нема опасност од воени судири на Балканот

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска ја отфрли изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека може да дојде до вооружен конфликт на Балканот доколку нејзината земја ја затвори границата за бегалците. Според него, тоа нема да се случи и порача оти Хрватска се покажала како добар организатор на транзитот на бегалците кон соседна Словенија.

Меркел за време на конференцијата во Дармштад нагласи и дека на Западен Балкан веќе има тензии и порача дека не сака „да се засилуваат мрачните тонови, но ситуацијата може брзо да се влоши“.