Усвоени измените за решавање на статусот на 140 војници

Собранието денеска по скратена постапка го донесе Законот за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија. Со измените ќе се реши статусот на 140 професионални војници на кои им престанал работниот однос во АРМ. Тие ќе бидат распоредени во Министерството за одбрана и во други институции согласно со нивното образование и стручни квалификации, а процесот на нивното повторно ангажирање треба да заврши до крајот на февруари 2016 година.

До крајот на јануари 2016 година треба да поднесат барање за вработување Во буџетот за наредната година се одобрени 54 милиони денари за нивните вработувања. Законот беше поднесен од пратениците Емил Димитриев и Талат Џафери.