Русија со истиот став за сириската криза

Сирискиот претседател Башар ал Асад

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека земјата не го променила ставот за судбината на сирискиот претседател Башар ал Асад. Според министерството, одлуката треба да биде донесена од страна на сирискиот народ. Портпаролката на министерството, Марија Захарова изјави дека може да потврди оти позицијата на Русија за решавање на сириската криза е непроменета.