Назарбаев во посета на Британија и Франција

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев со премиерот Дејвид Камерон.

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев е во посета на Велика Британија каде оствари средба со премиерот Дејвид Камерон. Тој утре ќе ја посети и Бакингемската палата каде ќе има закажан ручек со кралицата Елизабета. Од Лондон, Назарбаев ќе отпатува за Франција, каде ќе се сретне со претседателот Франсоа Оланд.

Во двете земји се очекува Назарбаев да се сретне и со бизнисмени во време кога нацијата богата со нафта се бори да најде политички одговор за драстичното паѓање на цената и кога нејзините трговски партнери Русија и Кина имаат економски потешкотии.