Меркел предупредува на вооружени судири на Балканот

Германскиот канцелар Ангела Меркел предупреди на опасност од вооружени судири на Балканот, доколку биде побарано од нејзината земја да ја затвори границата со Австрија со цел да се спречи приливот на мигрантите. Според неа, на Западен Балкан веќе има тензии и порача дека не сака „да се засилуваат мрачните тонови, но ситуацијата може брзо да се влоши“. Меркел ја даде изјавата за време на конференцијата во Дармштад, јужна Германија. Илјадници мигранти секојдневно транзитираат низ земјите на Западен Балкан со цел да стигнат донивната крајна дестинација.