Иран се заканува со повлекување од преговорите за Сирија

Заменик министерот за надворешни работи на Иран, Хусеин Амир Абдолахијан.

Иранските власти соопштија дека ќе се повлечат од сириските мировни преговори доколу бидат некоструктивни. Заменик министерот за надворешни работи на земјата, Хусеин Амир Абдолахијан за агенцијата Исна изјави дека во правата рунда на разговори, некои земји, особено Саудиска Арабија одиграла негативна и неконструктивна улога.

Според него, Иран нема да учествува доколку разговорите не се продуктивни. Претставници на светските сили треба да се сретнат в петок во Виена на нови разговори за изнаоѓање политичко решение за конфликтот во Сирија.