Косовскиот Парламент ја ратификува спогодбата со ЕУ

Парламентот во Косово

Косовскиот Парламент денеска го одобри законот за ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Но, без опозициските пратеници кои пред гласањето ја напуштија парламентарната сала. Преостанатите 86 од 120 пратеници едногласно се изјаснија „за“ ратификација на спогодбата. Спогодбата ќе донесе поголем економски просперитет, правна сигурност, владина одговорност и политичка стабилност на граѓаните на Косово.