Кери се сретна со Назарбаев во Астана

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во рамки на неговата посета на Централна Азија се сретна и со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев во Астана. Кабинетот на Назарбаев соопшти дека на разговорите, кои биле зад затворени врати станало збор за билатерланите економски врски.

Кери претходно ги посети и Киргистан и Узбекистан, а вчера во Самаркард се сретна со неговите колеги од Централна Азија. Во заедничко коминике тие соопштија дека целта на шесте земји е да ја зголемат соработката и да се борат против тероризмот. Кери ќе ги посети и Туркменистан и Таџикистан.