Нимиц-Време е да се реши спорот со името

Метју Нимиц

Посредникот на ОН Метју Нимиц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ изјави дека е време да се реши спорот со името меѓу Грција и Македонија. Тој нагласува дека проблемот со бегалците, терористичките закани и економските тешкотии со кои се соочува Југоисточна Европа, се дополнителни причини поради кои неговото решавање е од суштинско значење.

Во текот на минатата година , како што наведува Нимиц, прашањето за името не било меѓу приоритетите, бидејќи двете земји имале и други важни прашања. Но, сега, според него, е време сите со поголем интензитет да се фокусираат на оваа тема. Нимиц порачува и дека е убеден оти проблемот е решлив и дека процесот мора да се забрза и во него да се вклучат и лидерите на двете земји. Решението за името, како што наведува Нимиц треба да го содржи терминот „Македонија“, но, исто така и „разумна географска одредница“.