Времето денеска: претежно сончево

Во Македонија во утринските часови студено, во текот на денот претежно сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб североисточен ветер. Минималната утринска температура ќе се спушти до минус 6 степени, а дневната ќе се движи од 11 до 20 степени. Во Скопје во текот на денот претежно сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб североисточен ветер.