Отруени со ракија 18 луѓе во Турција

илустрација

Најмалку 18 луѓе починаа, а 15-тина се во тешка здравствена состојба поради труење со токсичен алкохол во Истанбул,јавува турската новинска агенција Анадолија.

Во изминативе десетина дена се хоспитализирани речиси 90 луѓе, кои добиле труење откако консумирале ракија во која е откриено дека имало метил алкохол.Полицијата приведе околу 20 лица, осомничени за производство на токсичен алкохол во сиромашните квартови на европскиот дел на Истанбул. Обвиненија се покренати против 14 од нив и тие се притворени.