Русија против кредити од ММФ за Украина

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов изрази загриженост поради можната промена на правилата на Меѓународниот монетарен фонд со кое се овозможува да и се позајмува пари на Украина, иако Киев се уште не го исплатил долгот кон Русија. Тој изјави дека Русија не сака Украина да биде оставена без финансиска поддршка, но оти се сомнева во избрзаноста на промената на правилата на ММФ. Тој додава дека се загрижени дека промените во политиките на Фондот се поттикнати од политизираното прашање за преструктуирањето на украинскиот долг.

ММФ соопшти дека ја разгледува можноста за олеснување на долгогодишното правило против позајмување на ризичните земји за да го одржи во живот пакетот за помош на Украина од 17,5 милијарди долари.