Хјуман Рајтс Воч со притисок врз Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Хјуман Рајтс Воч го повика американскиот државен секретар Џон Кери јавно да изрази загриженост за непочитувањето на човековите права од страна на властите во Централна Азија за време на неговата турнеја на регионот. Кери од утре ќе ги посети Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан. Хјуман Рајтс Воч побара од Кери да зиврши и притисок за конкретен напредок за време на средбите со претставниците на власта на земјите од Централна Азија.