Најмалку 40 жртви во ракетен напад во Сирија

Сириски опозициски групи соопштија дека во владин ракетен напад во близина на главниот град Дамаск загинале повеќе од 40 луѓе, а десетици биле повредени. Нападот се случил во градот Доума, а бил погоден еден локален пазар. Локалните организации соопштија дека најмалку 100 луѓе биле повредени. Телата на некои од жртвите се уште се наоѓаат под урнатините на зградите. Вчера во воздушен напад во Доума загинаа 9 луѓе.