Тероризмот закана и за Македонија

Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен и Тони Јакимовски, национален координатор за борба против тероризмот денеска ја отворија конференцијата на тема „Превенција на насилен екстремизам и радикализација што водат кон тероризам преку полициско работење во заедницата (ПЕРТ)", на која дискутираа претставници од МВР и странски експерти.

Да се открие или да се превенира радикализам, насилен ектремизам или дури тероризам, според Јакимовски е многу тешка работа. Но, како што наведе мора да се работи на терен, затоа што тероризмот е една од глобалните закани која не ја одминува Македонија.

На новинарско прашање колку Македонија е плодно тло во насока на актуелната мигрантска криза, за тероризам или екстремизам, амбасадорката Суомалаинен посочи дека институциите на ЕУ и во регионот соработуваат и разменуваат информации, бидејќи ова е битна работа и треба одблизу да се следи.