Германија бара од ВМРО ДПМНЕ да се спроведе Договорот од Пржино

Специјалниот ополномоштеник за Западен Балкан, Турција и државите на ЕФТА, Ернст Рајхел на македонскиот амбасадор во Берлин, Сашо Марковски му го пренел разочарувањето и загриженоста на германската Влада за имплементацијата на спогодбата од Пржино, која сѐ уште изостанува. Рајхел, како и амбасадорите во Македонија истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ мора да ја покаже потребната волја и најбрзо што може конструктивно да го спроведе Договорот од Пржино.

Целта на Спогодбата, како што е наведено во соопштението на германската амбасада во Македонија е да се создадат еднакви шанси за сите партии за претстојните избори, пред сè, преку спроведувањето на препораките за реформи содржани во таканаречениот Прибе-извештај. Понатамошно неспроведување, според германските власти ќе има последици врз оценувањето на земјата од страна на Европската Комисија во претстојниот извештај за напредок.

Рајхел нагласува и дека СДСМ мора и понатаму да се однесува конструктивно и да се придржува до обврските преземени со спогодбата од Пржино, особено да не објавува понатамошни снимки од телефонски разговори.